МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-4 Берово, 0 Битола, Струмица, 1 Тетово, Скопје-Петровец, Лазарополе, Маврови Анови, Демир Капија, 2 Крива Паланка, Прилеп, Штип, 3 Претор, 4 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 5 Охрид, Виница, 6 Крушево, Дојран, 7 Попова Шапка.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево, во Демир Капија има појава на слаба магла. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени.
Во Скопје сончево и релативно топло со слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне 23 степени.