Македонија

42 судии и 10 јавни обвинители заминуваат во пензија

Вкупно 42 судии и 10 јавни обвинители над 62 или 64 од денеска се во пензија. Oдлуките се донесени откако се констатирал престанок на нивната функција поради исполнување на условите за пензија.

Собранието вчера не ги изгласа измените на Законот за работни односи со кои работниот век на судиите и јавните обвинители ќе им беше продолжен за 3 години, а токму вчера беше последниот рок за гласањето, кое не стигна до пленарната седница поради интерпелацијата за собранискиот спикер, Талат Џафери.

– Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 407-та седница одржана на ден 01.07.2022 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното: Донесени се заклучоци во врска со Законот за работни односи Донесени се решенија со кои се ставаат вон сила донесените решенија со кои е продолжен мандатот на судиите и решенија со кои се констатира престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија, а согласно измените на Законот за работни односи („Службен весник на РСМ“ бр.151/21) и тоа за следните судии, стои во соопштението од Судскиот Совет.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни