Сообраќајот на патниот правец Охрид – Скопје, кај селото Ботун, е во целосен прекин поради паднато дрво на коловозот и сообраќајна несреќа.
Според првичните информации, на истиот дел од патот патничко возило излетало од коловозот, при што има повредени лица.
Засега не е познато колку лица се повредени, ниту каква е тежината на нивните повреди.
Причините за излетувањето на автомобилот дополнително ќе се утврдуваат, а сè уште нема информации кога сообраќајот ќе биде нормализиран.
На возачите им се препорачува да го избегнуваат овој патен правец до неговото повторно отворање.