Снежна покривка во 7 часот (во см): 43 Попова Шапка, 32 Маврови Анови, 14 Лазарополе, 10 Пожаране, 6 Крушево.
Времето денес (25.12.2021 год.): Променливо облачно со сончеви периоди, вдолж Повардарието со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Слаба магла ќе се задржи преку целиот ден. T= 7 °C, P= 980 hPa, U= 53 %, V= 2 m/s.
ВРЕМЕТО УТРЕ
| Град | Тмин. | Тмакс. |
| Скопје | 0 | 7 |
| Тетово | 3 | 10 |
| Маврово | 0 | 5 |
| Охрид | 3 | 10 |
| Битола | 1 | 11 |
| Прилеп | 2 | 10 |
| Кр.Паланка | 1 | 9 |
| Св. Николе | 0 | 8 |
| Штип | 0 | 8 |
| Берово | -2 | 9 |
| Д.Капија | 1 | 7 |
| Струмица | 1 | 8 |
| Гевгелија | 1 | 12 |
НАЈАВА: Утре облачноста ќе се зголеми, а во западните и крајните југоисточни делови ќе има локален дожд. Во понеделник ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Услови за локален дожд ќе има до среда. Температурите во следните денови ќе бидат над просекот за овој период од годината, а тоа ќе предизвика постепено топење на снежната покривка.
