Во живо Ноќно студио во живо Дали системот реагира навреме при насилство? Гледај
Македонија

Андонова: Се предлага полицијата да може веднаш да го отстрани насилникот од домот – жртвата не смее да остане сама!

Андонова: Се предлага полицијата да може веднаш да го отстрани насилникот од домот – жртвата не смее да остане сама!

Со предложените законски измени се предвидува можност полициските службеници, по проценка на ризикот, да донесат одлука за целосно отстранување на насилникот од домот. Целта е да се обезбеди побрза заштита на жртвите на семејно и родово базирано насилство.

Ова го истакна јавната обвинителка Спасенка Андонова во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, објаснувајќи ги мерките за заштита на жртвите и потребата од поголема институционална координација.

Според Андонова, еден од најголемите предизвици е жртвата да не биде оставена повторно во опасна средина по интервенцијата на полицијата.

„Жртвата во ниту еден момент не смее да биде оставена сама на себе“, нагласи обвинителката.

Таа посочи дека заштитата мора да започне веднаш по пријавувањето на насилството и да продолжи во текот на целата постапка, вклучувајќи ги обвинителската и евентуалната судска постапка.

Андонова објасни дека жртвата, зависно од нејзините потреби, треба да добие психолошка, медицинска и бесплатна правна помош, како и можност за сместување во сигурна куќа.

Особено значајна е и заштитата на децата кои биле присутни при насилството или живеат во истото семејство.

Според обвинителката, институциите не смеат да постапуваат изолирано, бидејќи пропустот на една институција може да го загрози целиот процес на заштита.

„Селективното постапување никому не носи корист и резултат“, истакна Андонова.

Таа посочи дека полицијата, центрите за социјални работи и обвинителството треба да дејствуваат координирано, не само за прибирање докази и утврдување одговорност, туку и за спречување на понатамошно насилство.

Осврнувајќи се на предложените законски измени, Андонова објасни дека се предвидува полициските службеници кои интервенираат во домот, врз основа на проценетата опасност, да добијат можност да одлучат за отстранување на насилникот.

Според неа, суштината на институционалната заштита е жртвата да се чувствува безбедно и да не биде принудена повторно да се соочува со опасност додека траат постапките пред надлежните органи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни