Македонија

5,3 степени по рихтер имало земјотрес во Куманово пред 119 години

5,3 степени по рихтер имало земјотрес во Куманово пред 119 години

На денешен денво Куманово имало силен земјотрес.

Имено, рано изутрината на 24.10.1905 год., во 04 часот и 37 мин. околината на Куманово била погодена од умерен земјотрес со магнитуда ML5.3.

Според малкуте информации со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје, добиени од научници кои се занимавале со сеизмичноста на територијата на Македонија, земјотресот бил почувствуван во пошироката околина на Куманово со интензитет од VII степени според EMS-98.

Земјотресот предизвикал уривање на неколку куќи во селата близу епицентарот и оштетување на повеќе куќи во пошироката епицентрална област.

Овој земјотрес е најсилен забележан во епицентралното подрачје Куманово во последните 120 години.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни