50 албански затвореници од британските затвори ќе бидат испратени на отслужување на казната во Албанија како дел од новиот договор за мигрантите меѓу Британија и Албанија.
Првите десет албански затвореници ќе полетаат со чартер лет од Британија во првите недели од јануари за да бидат преместени во ќелиите во Албанија.
„Ова е „прв чекор“ на двете земји (Велика Британија и Албанија) кон рутински трансфер на стотици затворени албански криминалци, (што) ќе му заштеди милиони фунти на британскиот даночен обврзник и ќе отвори простор во преполните затвори“, пишува „Дејли Меил“.
Албанските државјани сочинуваат околу десет отсто од странците притворени во англиските и велшките затвори.
Изданието забележува дека сите затвореници ќе ја отслужат целосната казна што им ја изречеа британските судии.