Македонија

70-годишна жена од Дебар доби кривична за фрлање плинска боца од балкон

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.Б.(70) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

На 20.08.2022 во Дебар, пријавената запалила плинска боца на балконот од својот дом при што се запалиле алишта кои биле на балконот, по што таа ја фрлила боцата на паркингот и предизвикала пожар во паркирано патничко возило.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни