Пратениците кои се обвинети за „27 април“ односно упадот во Собранието кога беа повредени голем број на пратеници и новинари денеска дел беа ослободени од куќниот притвор, еден ден по повикот на премиерот Зоран Заев за помирување за настаните од 27 април.
Сашо Василевски беше ослободен од Кривичниот суд со гаранција дека нема да бега од 400 илјади евра. Додека пак Љубен Арнаудов Апелацискиот суд ја донесе одлуката и тој излегува со гаранција вредна од околу 300 илјади евра.
И двајцата пратеници денеска беа запрашани дали по укинувањето на куќниот притвор ќе гласаат за уставните измени, тие не сакаа да коментираат.
Инаку денеска на судењето за „Крвавиот четврток“ се случуваше вистинска драма. Предвидено беше сведочењето на загрозениот сведок, но поради технички проблеми и можно откривање на идентитетот, рочиштето од новата судска зграда се пресели во старата. Таму на условите се жалеле адвокатите по што судијката Добрила Кацарска ги казнила со по 1 000 евра и со забрана за да ги застапуваат обвинетите.
