Македонија

Исплатени над 217 милиони денари на 10.754 градинари

Исплатени над 217 милиони денари на 10.754 градинари

Финансиска поддршка во вкупен износ од 217.241.135 денари денеска е исплатена на 10.754 градинари, информира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Средствата се исплатени во рамки на мерката 1.3 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе, за производство на отворено и во пластеници.

Според мерката, за остварување на финансиската поддршка потребно е земјоделските производители да имаат минимална вкупна површина од 0,2 хектари, засадена со соодветните култури.

За производство на домати, пипер, краставици, корнишони, зелка, грав, компир, карфиол и морков, поддршката изнесува 30.000 денари по хектар.

За останатите култури опфатени со мерката, меѓу кои се лубеница, диња, модар патлиџан, цвекло, тиква, кромид, боранија, грашок, кељ, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, целер, пашканат, аспарагус и ротквици, финансиската поддршка изнесува 12.000 денари по хектар.

Од Агенцијата посочуваат дека средствата се наменети за поддршка на земјоделските производители во градинарското производство и се исплаќаат согласно предвидените мерки за директни плаќања.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни