Денеска во Собранието на Република Македонија продолжи пленарната седница на која се расправа по единствената точка на дневен ред, а тоа се уставните промени.
Промените кои Владата на вонредна седница како предлог ги испрати до Собранието поминаа со зелено светло на комисијата за уставни прашања, па потоа беше закажана и пленарката на која потребно е 2/3 мнозинство за да го поминат првиот филтер од вкупно три.
На денешната дебата беа повторени ставовите на политичките партии, а ставот од почетокот на пленарката до денеска од говорницата го промени само независниот претник Ферид Мухиќ, со што бројот на пратеници кои се „за“ достигна 72.
Партијата на Мицкоски останува на својот став дека ќе гласаат против. Мицкоски денеска упати барање до претседателот на Собранието за да му овозможи да се обрати од говорницата во Собранието, но службите тоа барање го вратија назад по основ дека барањето не било адресирано до претседателот Џафери.
