Министерството за здравство соопшти дека за изминатите 24 часа се направени 700 тестови од кои позитивни биле 83 лица.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 419 оздравени пациенти, а за жал починати се 11 лица.Направените 700 теста се преку: ИЈЗ-115, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -62, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина со PCR метода -298, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-4, ГАК-27, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -51, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 394.329 тестирања на Ковид -19.