Металуршкиот комбинат „Југохром“ од Македонската Банка за поддршка и развој ќе добие кредит во износ од 92 милиони денари, за изградба на филтерска постројка, која е неопходна за добивање на А интегрирана еколошка дозвола за работа.
Владата на Република Македонија на вчерашната 104 седница ја задолжи Македонската банка за поддршка на развојот да склучи договор за кредит со Друштвото за производство, трговија и услуги ЈУГОХРОМ АЛЗАР ДООЕЛ увоз-извоз Јегуновце од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд. Со тоа, како што соопшти владината прес-служба, ќе се овозможи фабриката да продолжи да работи и да се ангажираат вработените.
„Станува збор за кредитна со рок на отплата од 5 години,и грејс период од 1 година со што очекуваме конечно да биде решен проблемот со загадувањето“, изјави Мухамет Хоџа, портпарол на Владата.
