Македонија

Четиригодишно дете заработило 3,1 милион денари од дивиденда, највозрасниот милионер во Македонија има 97 години

Четиригодишно дете заработило 3,1 милион денари од дивиденда, највозрасниот милионер во Македонија има 97 години

Милионски приходи во Македонија во текот на 2025 година оствариле граѓани од различни возрасни групи – од четиригодишно дете кое добило милиони денари од дивиденда до 97-годишен пензионер чии приходи потекнуваат од пензија и други извори. Податоците ги објави Управата за јавни приходи (УЈП), презентирајќи ја годишната анализа на приходите на граѓаните.

Според УЈП, четиригодишното дете во текот на минатата година остварило 3,1 милион денари од дивиденда, додека највозрасниот милионер во земјава има 97 години.

Во 2025 година биле поднесени вкупно 863.100 даночни пријави, што е за 10,6 проценти повеќе во споредба со 2024 година. Најголем број пријави биле поднесени во Скопје, по што следуваат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.

Анализата покажува и дека највисокиот пријавен доход минатата година изнесувал 257,5 милиони денари. Овој износ го остварил жител на Гевгелија, преку плата, дивиденда и други приходи исплатени од една компанија.

На второто место е жител на Охрид, кој пријавил доход од 254,4 милиони денари.

Директорката на УЈП, Елена Петрова, на брифинг со новинарите посочила дека овие податоци ја покажуваат важноста од заедничко разгледување на различните извори на приходи, наместо нивно анализирање одделно.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни