Македонија

Царовска: Изјавата на Јовановски е целосна невистина, ќе поднесам тужба против него

Мила Царовска на својот Фејсбук профил објави демант по денешните воведни зборови на обвинетиот Бојан Јовановски во предметот „Меѓународен сојуз“.

„Најостро ги демантирам сите дрски лаги и конструкции изнесени во јавност од страна на Бојан Јовановски за поврзаност со проект на ГП Пелистер и за било каква соработка со Меѓународниот сојуз и најавувам дека против него ќе поднесам тужба за клевета“.

Таа додава дека со госпоѓата којашто ја споменал Јовановски во неговата изјава не соработувала, ниту пак лично ја познавала.

„Изјавата на Јовановски е целосна невистина и е директен напад на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки“, порача Царовска.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни