Додека најголемиот дел од граѓаните живеат од просечни месечни примања, еден скопјанец во 2025 година заработувал речиси 190 илјади евра бруто месечно, покажуваат најновите податоци на Управата за јавни приходи (УЈП).
Според објавените информации, највисоката годишна бруто-плата исплатена во Македонија достигнала неверојатни 139,1 милион денари, што на месечно ниво изнесува 188.482 евра.
Она што дополнително привлекува внимание е дејноста од која потекнува рекордната заработка. Според УЈП, станува збор за лице од Скопје кое платата ја остварило во секторот „Вадење на камен јаглен“.
Овие податоци се дел од годишната анализа на Управата за јавни приходи за доходот на граѓаните во 2025 година, која открива колку изнесувале највисоките пријавени примања во земјава.
Важно е да се нагласи дека станува збор за бруто-износ, односно заработка пред пресметувањето на даноците и придонесите.