Македонија

Досега Управен ги одбиени сите разгледани тужби на партиите, Сејдини очекува до утре да бидат завршени сите тужби

Управните судии досега не прифатија ниту една тужба од партиите. Тие ги одбија сите 101 тужба од Левица, а не се прифатени ниту тужбите на СДУ и на Демократи. Ова е епилогот од вториот ден од рапсравата на управните судии по тужбите на партиите поднесени против одбивањето на приговорите од Државната изборна комисија. Претседателот на судот Бурим Сејдини за ТВ21 изјави дека очекува во текот на утрешниот ден да бидат донесени одлуки и за останатите тужби на партиите.

„По овие јавни расправи, чекаме да се закажат расправите за утрешниот ден и за останатите тужби поднесени од ВМРО-ДПМНЕ две , една тужба од коалицијата или партија Единствена Македонија“, рече Сејдини.

Двете тужби на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат на нивното барање за рачно пребројување на гласачките ливчиња и за увид во неважечките ливчиња.

Тужбата на коалицијата Никогаш Северна само Македонија е за тоа што наместо името на коалицијата на гласачкото ливче стоело името на една од партиите. Инаку вчера Управниот суд ги отфрли сите тужби поднесени од Алијанса за Албанците и Интегра. Генералниот секретар на Алијанса Арбен Таравари вчера изјави дека не очекува многу од судот, обвините дека тој е партизиран и најави протести. Сејдини вели дека одлуките ги носат согласно предложените докази.

„Вчера имавме многу ефективна работа. Претставникот на коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива беше присутен и имаше можност да ги каже нивните предлози на јавна расправа. Секако судиите по завршувањето на јавната расправа и по проценката на доказите носат одлука согласно со предложените докази пред ДИК и пред Управниот суд.“, рече Сејдини.

Одлуките на Управниот суд се последна фаза во која партиите можат да приговараат околу резултатите од изборите по што, доколку се отфрлат сите тужби, тогаш се потврдуваат одлуките на ДИК и изборниот процес се затвор. Потоа ДИК треба да им ги додели мандатите на новите 120 пратеници, а Собранието најдоцна до 4 август треба да ја одржи конститутивната седница.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни