Според извештајот на Институтот за јавно здравје во периодот од 20 до 26 јули се забележува пад на бројот на нови случаи со Ковид-19 и намалување на бројот на жртви, а зголемен е бројот на оздравени во споредба со минатата недела.
„Во периодот од 20 до 26 јули имало 9563 тестирања, 1402 повеќе тестирања од претходната недела и се регистрирани 956 позитивни случаи на коронавирус, што е 82 случаи помалку од пред оваа недела. Во тој период се регистрирани 654 оздравени пациенти кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Ова подразбира дека во споредба со минатата недела, оздравеле 109 пациенти повеќе. Во истиот период се регистрирани 32 жртви што е 12 случаи поналку од претходната недела“, се вели во неделниот извештај.
Вознемирува фактот што на возраст од 10 до 19 години има пораст на бројот на заразени со Ковид-19. Ако првата недела на јули имало 38 нови случаи на заразени, во последната недела има 45.
„ТВ21 направи анализа или споредба за 4 недели од јули во однос на инфекцијата со Ковид-19 кај различни возрасни групи. Податоците од ИЈЗ говорат дека кај лицата над 60 години и од 30 до 39 опаѓа бројот на заразени линеарно. А кај лицата на возраст од 40 до 59 бележи раст. Загрижувачки е фактот што има зголемен број на заразени со Ковид-19 кај лицата на возраст од 10 до 19 години. Доколку во првата недела на јули имало 35 заразени лади лица, во последната недела имало 45“, посочи репортерката на ТВ21.
Епидемиологот Жарко Караџовски вели дека во целост бројот на заразени постојано расте, главно поради непочитување на антиковид мерките.
Најмногу случи на заразени има во главниот град, каде има благо намалување во споредба со минатата недела. Истото важи и за Штип. Што се однесува до другите 17 градови за истиот период, бројот на нови случаи е под 20. Најголем број на нови случаи се лица на возраст над 60 години.
.