Балкан

Божиќен бонус од над 700 евра за сите вработени во Словенија

Божиќен бонус од над 700 евра за сите вработени во Словенија

Сите вработени во Словенија годинава ќе добијат задолжителен божиќен бонус, кој не може да биде помал од 740,94 евра.

Со воведувањето на така наречениот зимски бонус, божиќниот бонус стана задолжителен за сите работодавачи во Словенија. Износот е поврзан со минималната бруто-плата, која во 2026 година изнесува 1.481,88 евра, а зимскиот бонус е утврден на половина од тој износ.

Работниците кои ја поминале целата година кај истиот работодавач со полно работно време имаат право на минимум 740,94 евра. На оние кои работеле со пократко или скратено работно време им се исплаќа пропорционален дел. Работодавачите мора да го исплатат бонусот во најдоцна до 18 декември. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни