Поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев, вели дека моментот е историски, а решенијата кои ќе се донесат оваа недела во Софија, Скопје, Берлин и Брисел, се надева дека ќе бидат за добро, анализира поранешниот бугарски претседател.
Додава дека однecите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни.
„Многу добро ги памтам темните години на режимот на Груевски, и затоа премиерот Заев за мене е светлина во тунелот, надеж за подобра иднина и му посакувам успех. Но, зад секој успех стои правилен план и пристап како да успееш“, пишува во неговата анализа.
Плевнелиев, вели дека има добро и лошо сценарио за решавање на проблемот меѓу Бугарија и Македонија.
Лошото сценарио е ако Скопје реши дека добитната стратегија е да продолжи да се претставува како жртва на Грција во минатото, а денес на Бугарија. Ќе организираат кампањи, ќе лобираат, како што правеа во последните 30 години, но ќе загубат драгоцено време за неопходните длабоки реформи.
Доброто сценарио е премиерот Заев да започне длабоки реформи, воведувајќи европски вредности и принципи насекаде – во политиката на земјата, во институциите, во учебниците, во тајните служби, во општеството, во пристапот кон историјата.