Македонија

На 21-ви јануари угостителските објекти ќе добијат дозвола за работа до 21:00, ќе се разгледува можноста за нивна работа и до 23:00

Од 21. месецов ќе се врати работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, а сите останати мерки остануваат во сила, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче во однос на олабавувањето на мерките за заштита од Ковид-19.

Тој нагласи дека согласно со проценката на ситуацијата во текот на деновите до 21 јануари евентуално  може да се разгледа барањето на угостителите за работа до 23:00 часот.

Работното време на угостителите од 18  декември е ограничено до 18 часот, како дел од превентивните мерки на Владата за спречување на натамошното ширење на Ковид-19 во тек на празниците.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни