Македонија

Утре е Богојавление- Водици: Крстот нема да се фрла и нема да ги има масовните собири

На полноќ се отвора небото. Според православниот обичај, во домовите се пуштаат чешмите, за да се освети водата и се означува големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Празникот, кој се слави уште од вториот век, е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.

Овој празник се нарекува уште и Водици, поради големиот водосвет што го извршува Црквата на овој ден.

Во чест на крштевањето на Господ Исус Христос, и денес се свети вода.

 За прв пат по три децении од возобновувањето, ќе нема масовни прослави за Водици на реките и езерата во Македонија, односно крстот нема да се фрла и нема да ги има масовните собири на бреговите околу реките и езерата, соопштија од Македонската православна црква- Охридска Архиепископија.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни