Во кривичниот суд денеска продолжи судењето за преметот „Монструм“ и убиството на младите момчиња.
Предметот се наоѓа во завршна фаза, односно денеска започна соопштувањето на завршните зборови.
Обидот на одбраната за поврзување на возилото „опел омега“ и целата операција со структури на МВР, е целосно неточна теза и од правно-фактички и од правно логички-аспект, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи во завршни зборови за случајот „Монструм“.
Според Фетаи, ваквите обиди целосно паѓаат со исказите на сведоците и изнесените докази во текот на постапката.
За тоа наводите дека претходно во постапката не им бил дозволен увид во возилото, Фетаи, рече дека е дозволен и извршен увид во предметното возило.
– Во текот на оваа постапка, во присуство на судечки совет и записничар и медиуми во депото на Агенцијата за управување со одземен имот во Миладиновци е извршен увид и фотографирање на предметното возило Опел Омега. Возилото има и задни седишта со потпирачи за глава и блатобрани на сите четири пневматици, изјави Феати.