Македонија

Пратенички прашања во Собрание – албанската опизиција ја напушти седницата

Во знак на револт, албанската опозиција се повлекува од седницата за пратенички прашања, рече од говорницата Сурија Рашиди, пратеникот на Алијанса за Албанците.

Албанската опозиција на почетокот реагираше на редоследот на листата на пратеници за поставување на пратенички прашања. Прв реагираше Скендер Реџепи, кој побара пауза за координација околу редоследот. Меѓутоа очигледно ниту таа пауза не помогнала многу.

„Во знак на револт, нема да учествуваме на оваа седница“, најави Рашиди.

„Тоа е ваше право“, му врати Талат Џафери.

На почетокот пак Џафери даде еден час пауза по барање на пратеникот на коалицијата Алтернатива/Алијанса Скендер Реџепи.

Реџепи го нападна претседателот Џафери нарекувајќи го „портпарол на ДУИ“ и дека сака да ја замолчи албанската опозиција.

Џафери најпрво му одговори дека нема да му даде еден час пауза.

Пратенички прашања се одржуваат секоја последна недела во месецот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни