Македонија

УХМР најавува: Очекувајте драстична промена на времето

Од среда следува период на стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините, соопшти УХМР.

По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Минималната утринска температура ќе се спушти до минус два, а максималните дневни ќе достигнат до 20 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни