Македонија

Пописот се одлага?!

Откако вчера шефот на државата Стево Пендаровски во интервју за ТВ24 рече дека треба да се разгледа предлогот за одложување на попусот за еден или два месеца, денеска тоа го потврди и премиерот Зоран Заев.

Тој вели дека е подготвен за одлагање.

„Го видов и предлогот на претседателот на државата Пендаровски да се одложи на некој месец пописот, ок – јас сум секогаш спремен, се е вредно за размислување. Летото знаеме дека попис не се спроведува, септември е кампања, октомври е изборен период за локални избори и да размислите за месец – два да завршиме некаде до средината на јуни веќе гледаме дека опозицијата тоа го одби. Затоа уште еднаш ќе ја испратам пораката да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот“, посочи Заев.

Инаку, претходно Законот за попис помина во Собранието, со кој земјава треба да се попишува од 1-ви до 21-ви април оваа година.

Опозицијата е за попис, но електорнски.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни