На 1-ви јануари 2021 година, вистински скандал се случувал на Клиничката болница во Битола.
Млад гинеколог кој бил редовно вработен во болницата, во операциона сала дозволил да пристапи и неговата сопруга, која не била вработена и немала соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РМ, да даде медицинска помош- изврши оперативна интервенција, породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола – операциона сала на Одделение за гинекологија и акушерство врз родилка.
МВР поднесе кривични пријави против три лица.
СВР Битола до ОЈО поднесе кривична пријава за 33-годишниот М.В. за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, против 60-годишниот Г.Ч. поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против 33-годишната А.В. од Србија, сопруга на првопријавениот за сторено кривично дело „надрилекарство“ и кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.