Македонија

Средношколците разговараат со Заев, ако нема договор ќе кампуваат пред министерството за образование

Средношколскиот сојуз е на разговор со премиерот Зоран Заев околку нивните барања за скратување на наставната програма и државната матура.

Во писмото до премиерот тие побара средба на која ќе ги изнесат нивните две барања за  модифицирање на државната матура – намалување на бројот на предмети од четири на два и скратени наставни програми.

Доколку нема догоовор, средношколците најавуваат дека ќе кампуваат пред министерството за образование.

По 12 дена бојкот, дел од матурантите организирани од Сојузот на средношколци вчера се вратија на настава. Сојузот одлучи да го стави во мирување бојкотот, кој почна со второто полугодие и да почека Парламентот да најде решение откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ минатиот понеделник поднесе Предлог-закон за измени и дополнување на Законот за средно образоание.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни