Веб страницата на која ќе може да се пријавите за вакцинација ќе биде официјално пуштена утре, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
За вакцина ќе може да аплицира секој, но системот на „Мој термин“ ќе одреди кој прв ќе ја прими вакцината.
Засега останува договорот само со Синофарм, за набавка на 200.000 вакцини, со кои ќе може да се вакцинираат 100.000 граѓани.
Вчера премиер Зоран Заев најави дека вакцините од Фазер ќе стигнат за една до две недели, но денеска министерот за здравство Венко Филипче рече дека не знае кога ќе стигнат вакцините.
Се подготвуваат и центрите за вакцинација, а доколку има потреба и модуларните болници може да се користат како пунктови.