Извршена е контрола во 60 компании кои земале државна помош а не испатиле на своите вработени, најави денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска.
„Има обврска да ги врати во целост со камата, додека по контрола од УЈП или Инспекторат се утврди дека не ги исполнил условите пропоишани со уредбата./ За работодавач кој дал изјава за исполнетост на услови, а не ги исполнил ќе се применуваат уредби од кривичен закон. УЈП Соработува со ОЈО, за покренување на кривични.“ изјави Сања Лукаревска, директор на УЈП
16 компании не го исполниле условот за намален приход од 30%, додека 7 фирми спротивно на условите го намалиле бројот на вработени, од нив само еден ја вратил помошта. Додека две фирми не ги исполниле ниту двата услови. Фирмите ќе треба да ги вратат парите, но ќе одговараат и пред законот.