Македонија

Филипче соопшти шокантни податоци: 20% од новозаразените се со британскиот сој

Дури 20% од бројот на заразени во последните неколку денови, припаѓаат на новиот сој на мутираниот британски коронавирус, откри вечерва ексклузивно за ТВ21, министерот за здравство Венко Филипче.

„Гледаме што се случува и какви тешки локдауни се препорачуваат земјите. До сега кај нас регистрирани се нешто над 20 мутации на коронавирус“, изјави во „Click Plus“ на ТВ21, министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот додава дека ова не е нешто ново за овој тип на вирус и се очекува во иднина да се појават уште повеќе мутации.

Филипче додава дека оваа мутација на вирусот се шири многу побрзо и дека напаѓа поголем број на клетки во нашиот организам.

Токму поради тоа, ситуацијата будно се следи и доколку има потреба ќе бидат препорачани и нови рестриткивни мерки.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни