Македонија

Филипче: Процесот на имунизација нема да запре!

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека откако денеска започна процесот на вакцијанија тој ќе продолжи да се одвива во континуитет.

„Направивме добра организација, еднаш кога ќе почне имунизацијата да не запре. За денеска предвидено е вакцинирање на 260 здравствени работници. Во следните денови вакцини ќе примат и вработените во ковид центрите во Скопје и низ државата, како и приватните болници. Целиот здравствен персонал којшто е пријавен ќе биде вакциниран. Останатите 4000 вакцини од Србија ги очекуваме следната недела. Верувам дека ќе имаме успешен процес на вакцинација“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Инаку Хрватска е една од земјите кои имаше проблеми откако започна овој процес, мораше да биде прекинат поради недостиг на вакцини.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни