Македонија

Заев: Дадов насоки да се порачаат 100.000 вакцини „Спутник“

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека согласно планот за вакцинација и склучените договори, имаме капацитет за да се набават дополнителни 100.000 вакцини, со што би се надополнил севкупниот план за вакцинација.

Потврди дека следните дополнителни вакцини ќе бидат од вакцината „Спутник“.

Вакцинацијата во земјава почна во средата со првата пратка од 4.680 вакцини „Фајзер“ што ги добивме од Србија. Први се вакцинираат здравствените работници што работат во ковид центрите.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни