Македонија

Пристигна втората пратка вакцини од Србија

Во Македонија пристигна и втората пратка вакцини против Ковид-19. Министерот за здравство, Венко Филипче на граничниот премин Табановце ја прими пратката од вкупно 8-те илјади дози вакцини од Фајзер.

„Започнавме со имунизација на здравствените работници која се одвива одлично. Организирано е на еден пункт со шест места во Клиничкиот центар во Скопје. Досега се вакцинирани околу 1.300 задравствени работници, и со динамика 250 до 300 на ден продолжуваме понатаму“, истакна министерот Венко Филипче.

Првата пратка од 4.680 дози вакцини од Србија пристигна во нашата земја на 14-ти февруари. Од тогаш започна и имунизацијата во државата.

„Исклучително ми е драго што сме во можност да им помогнеме на нашите соседи и пријатели. Она што посакуваме е и вие да бидете безбедни, вашите граѓани што помалку да се разболуваат и кога вие ќе имате подобра ситуација, ќе имаме и сите ние и регионот“, истакна српскиот министер Лончар.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни