Потпишан договор за руската вакцина. Сто илјади дози од „Спутник“ треба да стигнат во земјава. Американски „Фајзер“ и кинески „Синофарм“ ќе доцнат неколку дена – објави министерот за здравство Филипче.
Една година откако беше дијагностициран првиот пациент заболен од Ковид-19, Филипче вели здравствените работници добро се справуваат со пандемијата. Го постигнале она што бил приоритет вели, а тоа е ниту еден пациент да не остане без здравствена услуга.
Досега се вакцинирани 2.000 здравствени работници.