Македонија

ФОТО: Полициската капа со боја остана фрлена на земја по денешните протести за „Монструм“

Повредени полициски службеници и новинарски екипи е епилогот по денешните протести кои започнаа во Чаир и продолжија кон судот, но беа сопрени од кордонот полиција.

Под мотото „Правда и Слобода“, во Скопје протест против одлуката на Кривичниот суд за случајот „Монструм“. Роднините на првостепено осудените, велат дека тие се невини и се осудени без докази. За петкратното убиство кај Смилковско езеро, на доживотен затвор за тероризам беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири на 9, а Фејзи Азири на 15 години за помагање. Сами Љута доби ослободителна пресуда.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни