Македонија

МВР за ТВ21: 11 повредени, 8 приведени е билансот по вчерашните протести за „Монструм“

Министерството за внатрешни работи за ТВ21 информира дека вчерашниот протест првично беа пријавени 7 повредени полициски службеници, а дополнително уште четворица пријавијале повреди.

„За среќа станува збор за лесни телесни повреди и по извршените прегледи полициските службеници се пуштени на домашно лекување“, велат од МВР за ТВ21.

Досега во полициска станица се приведени осум демонстранти, а по насоки на Јавен обвинител ќе им биде поднесена кривична пријава за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, предвидено и казниво по член 385 од Кривичниот законик.

СВР Скопје презема активни мерки и  активности за дополнителна идентификација на други лица по што ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

„Досега немаме добиено пријава за повредени демонстранти, а за било какво непрофесионално постапување од страна на полициски службеници случајот ќе биде испитан и за исходот дополнително ќе известиме“, додаваат од МВР.

Од МВР за ТВ21 велат дека поради безбедносни причини беше одлучено масата да биде запрена на таа точка, a доколку претставници на демонстрантите сакаа да упатат и пренесат некаква порака до собранието или Владата, можеa слободно да се движат.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни