Во писмо до амбасадорите во земјава, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предлага- одлагање на пописот за септември поради ковид кризата, а локалните избори да се одржат во првата половина од ноември.
„Борбата против тешката епидемиолошка ситуација, во недостаток на вакцини, комбинирано со теренски попис, ќе го стави во сериозен ризик за јавното здравје. Јас не се сомневам во потребата од кредибилен попис, но во овој момент не е време за истиот. Ние мора да сме фокусирани пред сѐ на борбата против здравствените предизвици кои се пред нас. Откако ќе се надмине здравствената криза, ние можеме повторно да се насочиме на пописот“- пишува во писмото до амбасадорите.