Полицијата го приведе бизнисменот Орце Камчев откако Агенцијата за национална безбедност соопштила на МВР и Обивнителството дека истиот се подготувува за бегство.
Моментално Камчев е во полициска станица, а подоцна ќе биде изведен и пред судија на претходна постапка кој ќе треба да одлучи по барањето на Обвинителството за одредување на мерка притвор.
Камчев е дел од истрагата за „Плацевите на Водно“, како и случајот „Империја“, но како што дознаваме ова приведување нема врска со случајот „Империја“.