Македонија

Триесет дневен притвор за Камчев

Приведен бизнисменот Јордан Орце Камчев. По распитот во Кривичниот суд, однесен е во 30 дневен притвор во Истражниот затвор Скопје.

Тоа го побара обвинителството поради информации од Агенцијата за национална безбедност дека бизнисменот се подготвувал за бегство.

Неговиот бранител Менкиновски, рече дека е ова садизам. Вели- пасошите на Камчев се одземени, гарантирал и со имот, па не можел да ја напушти земјава. Камчев е осомничен во истрагата за предметот „Плацеви на Водно“, што се однесува на перење пари.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни