Македонија

Во еден месец се регистрирани нови 927 невработени лица

Во еден месец се регистрирани нови 927 невработени, а од почетокот на кризата досега без работа останале 18.226 лица, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.

Според официјалната евиденција, бројот на невработени лица на крајот на февруари изнесува 159.608. Во истиот месец се евидентирани 3.185 нововработени, но, и 5.440 лица со статус на невработени.

Најголем број невработени, над 31.000 се од Скопје, а за третина помалку има во Тетово. Најголем број невработени се на возраст меѓу 55 и 59 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни