Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за Филипче

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе поднесе предлог за интерпелација на министерот за здравство, Венко Филипче. Велат дека поважни му биле провизиите за вакцини, од животот на граѓаните. Според партијата, единствени сме биле во светот по најлошото справување со корона кризата.На Филипче му забележуваат и за клиничкиот центар за кој што посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ обезбедиле и проект и пари, а министерот почнува постапка за нов клинички три пати поскап.

Во СДСМ интерпелацијата за министерот Филипче ја оценуваат како неодговорно и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ кое само штети на јавното здравје. Според Социјалдемократите, срамно е да се прават обиди за политичко профитирање преку креирање лажни скандали кои се поврзани со јавното здравје на сите граѓани. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ создава атмосфера на јавен линч на секој кој ќе се обиде да помогне во набавката на вакцините за масовна имунизација на населението.

Во Алијанса на Албанците и Алтернатива велат деке ќе ја поддржат интерпелацијата, зашто сметаат дека Заев и Филипче се најдговорни за катастрофата во справување со пандемијата.

Интерпелација за Филипче е четврта поднесена од ВМРО-ДПМНЕ откако се формираше владата по изборите на 15-ти јули лани. Онаа на Димиров не помина. Сѐ уште чекаат на дневен ред интерпелациите за вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни