Магазин

Почина младиот српски музичар, се срушил во теретана во Америка

Српскиот диџеј Игор Гарниер починал ненадејно синоќа на 31-годишна возраст, во текот на тренингот во Вашингтон, САД.

Талентираниот музичар од Белград со години живее во Америка, а како што потврди неговиот пријател за „Курир.рс“, Игор едноставно паднал во вежбалната како покосен, брзата помош набргу дошла, меѓутоа, но не можеле да го спасат. Кога лекарите пристигнале, можеле само да ја констатираат смртта. Според неофицијални информации, на младиот уметник најверојатно му застанало срцето.

Во последниве години, Игор соработувал со едно од најголемите имиња во електронската музика – Ерик Прајдз. Почнал да свири пијано на шестгодишна возраст. Завршил музичко училиште, а неговиот талент наскоро почнал да добива награди на разни меѓународни натпревари. Со електронската музика се запозна пред 16 години и како што одминувало времето, тој одлучил дека хаус-музиката не само што ќе биде негово хоби, туку и дел од животот. Игор зад себе има неколку многу успешни албуми и неколку одлични настапи низ целиот регион и Америка. Една од неговите најпопуларни песни е „Милка Цаниќ“, обработка на песната „Барбра Стрејсенд“ од популарниот бенд „Дак сос“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни