Македонија

Бајач измамил скопјанка – ѝ побарал накит за да го закопа во двор, но си го зел со себе

Измамник украл накит од скопјанка.

Според информациите на полицијата, 68-годишна жена од Карпош пријавила дека во нејзиниот дом дошол М.Ш. кој ја довел во заблуда, претставувајќи се како бајач.

Таа му дала златен накит кој наводно го закопал во нејзиниот двор.

„Откако жената се посомневала, на наведеното место не нашла ништо и сфатила дека е измамена“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни