Зоо Скопје за првпат во своето постоење од 1926 година е дом на пингвини.
„Вкупно имаме девет пингвини, од кои три пристигнаа од Италија, а шест од Русија“, велат од ЗОО Скопје.
По карантинскиот престој и адаптација, за првпат ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште кое е градено по светски стандарди и со идеални услови за овој вид на јужноамерикански пингвини.
Отворањето е од затворен тип, односно присуство е дозволено само за медиуми.