Македонија

Македонскиот полициски синдикат брои 9000 членови

Во чест на 9000 член на Македонскиот полициски синдикат кој е воедно и член на Секцијата на млади при МПС, во име на Секцијата на Млади во МПС и во свое лично име се обрати Претседателот на Секцијата на млади, Бенјамин Ќерими, кој кажа дека 92% од нововработените во МВР во последните 5 години се членови на МПС!!

Секогаш кога се приближувате до врвот на успесите, до некои работи кои некогаш изгледале невозможни, треба и сме свесни дека ќе има и “такви” на кои ќе им смета успешната работа ( најтрагично е кога се работи за лични или политички интереси ). Како Претседател на Секцијата на Млади при Македонскиот Полициски Синдикат – МПС, гордо да истакнам ЕДИНСТВЕНИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН СИНДИКАТ при Министерството за Внатрешни Работи, сакам јавно да ве информирам дека 92% од нововработените во последните 5 години станаа членови на нашиот синдикат а воедно и дел од највисоките органи и тела при самиот синдикат. Оваа голема доверба и членство, се доказ дека сме на вистинскиот пат, а посебно ме радува фактот што младите креваме глас се погласно и посплотено. Што се однесува до правична застапеност, и тука сме најдобри. Нашите органи и тела се од мултиетнички карактер и припадници на разни вери и сите заедно функционираме како едно !! 👊✊

Посебно актуелен е скоро потпишаниот Колективен Договор помеѓу нашиот Претседател Проф. Др. Марјан Кицев и Министерот за Внатрешни Работи г-динот Оливер Спасовски. Со истиот се сочувани сите права кои ги имаа и дополнет е со околу 15 нови придобивки за вработените во МВР.


Свесни сме дека има проблем со униформата за униформирани полициски службеници, но нашиот притисок вроди со плод и во тек се набавките на нови униформи. Можеби некои се исмејуваат со потребите на вработените ( околу набавката на материјално технички средства, греалки, клими, фрижидери, ТВ, компјутери, фитнесс справи, спортска опрема и многу други работи), но реално тие се и те како потребни за секојдневното работење. Секогаш е полесно да се критикува кога си немоќен и немаш што да им пружиш на вработените во МВР, па празни ветувања и критики од политичка основа и финансиска корист на некои т.н. Синдикати ( за волја на вистината незнам ни кој ги претставува тие синдикати, затоа што не многу одамна се поделија во 2 (( два )) синдиката, народно кажано двајца без тројца). Освен за зборот “Синдикат” кој очигледно не им е основна цел, некои заборавиле што значи и ТРАНСПАРЕНТНОСТ, верувам се плашат да објават каде ги трошат парите на нивните членови да не се поделат повторно и да останат синдикат-еден човек, додуша и така седиштето на Синдикатот на едните им се води на личната адреса на Претседателот нивен, а другите сеуште се трудат да се одлучат во кое партиско седиште ќе седнат затоа што флертуваат со разни политички партии.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни