Свет

Се заплеткал со опремата и паднал на земја – загина управувач на летачки балон

Управувач на балон на топол воздух загина откако се заплеткал во опремата и паднал на земја.

Несреќата се случила во четвртокот во САД, а се работи за 72-годишен пилот Брајан Боланд од Пост Милс, Вермонт, САД.

„Балон со четворица патници полетал дента доцна попладне. По некое време тој слетал, но со проблеми во летот. Корпата со балонот се превртела, па еден од патниците бил полесно повреден. Но, кога корпата почнала да се навалува за време на летот, претходно, Боланд се заплеткал во опремата прикачена на балонот“, соопшти полицијата.

Од таму велат дека тој паднал во поле и бил прогласен за мртов на самото место.

Откако паднал пилотот, балонот продолжил да се движи на север уште неколку километри, а потоа се заглавил во дрвја. Останатите тројца патници слетале безбедно на земјата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни