Свет

Намален животниот век на Американците

Американските здравствени власти истакнаа дека животниот век во САД во 2020 година се намалил за 1,5 години.

Ова е најголем пад од Втората светска војна.

Податоците од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека просечниот животен век на Американците минатата година се намалил од 78,8 години на 77,3 години.

Како главна причина за ова, според истражувачите, е пандемијата со коронавирусот, како и високата смртност од дрога.

Извештајот на Националниот центар за здравствена статистика откри дека вкупната просечна возраст од 77,3 години е најниска од 2003 година, а официјалните лица минатата недела објавија дека смртноста од предозирање со дрога е зголемена за речиси 30 проценти во 2020 година, достигнувајќи рекордна бројка од над 93.000 луѓе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни