Свет

Полицијата трага по змија долга 3 метри – му избегала на сопственикот додека бил во болница

Полицијата во градот Халденслебен на истокот на Германија бара питон долг 3 метри кој моментално е на слобода, а избегал од кај својот сопственик.

Змијата исчезнала во саботата, а се претпоставува дека е некаде низ градот, велат градските функционери.

Според извештајот, змијата има зеленкаста нијанса, а кој и да ја види не би требало да и се доближува туку да ги повика одговорните.

Сопственикот на питонот бил во болница кога змијата избегала.

Инаку, питоните обично живеат во Африка, Азија и Австралија, а убиваат така што ќе се замота околу пленот и го притиска со цела сила.

Најголемите примероци досегнуваат до 10 метри. Кралскиот питон пак, кој може да порасне и до 1.5 метри често се чува како домашно милениче.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни