Свет

Германец даруваше милион евра за настраданите во поплавите

82-годишниот Германец Хорст Ешлер ѝ донираше милион евра на организацијата „Актион Лихтблик“, која им помага на жртвите од поплавите во Германија.

Тој го повика и својот омилен фудбалски клуб „Баерн Минхен“, да даде пари за жртвите. Досега тимот, заедно со колегите од Келн и гигантот „Дојче Телеком“, даруваше 100.000 евра за жртвите преку организацијата.

„Не бидете воздржани. Знам дека не сте такви и давате многу пари во добротворни цели. Но, во сегашната ситуација, мора да „копнете подлабоко во џебот”, инсистира тој.

Во меѓувреме, „Баерн“ го прифати предизвикот и ја зголеми донацијата за поплавените на 1,1 милиони евра.

Бројот загинати од разорните поплави во Германија надмина 141 лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни